За една недела регистрирани се 347 случаи на заболени од сезонски грип, што е за 96% повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје.
Според возраст, 184 лица се на возраст од 15 до 64 години, 138 деца на возраст од 5 до 14 години и 29 лица над 65 години. Неделниот извештај на ИЈЗ покажува дека највисока инциденца е забележана кај децата на 5 и 14 годишна возраст.
Претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова-Дервишова вели дека состојбата не е загрижувачка.
Апелира да не се крева паника. Вели дека треба да се прилагодиме на моменталните температури и да бидеме повнимателни.
Досега, во оваа сезона на грип регистрирани се два смртни случаи, од Скопје и Штип, со коморбидитети и невакцинирани со вакцина за сезонски грип.







