Меѓународната хакерска група „Анонимуси“ денеска соопшти дека ја хакирала веб-страницата на претседателот Александар Вучиќ https.//vucic.rs/ ,но и онаа на српските вооружени сили https://www.vs.rs/en.
Сепак, Тв N1 тврди дека сајтовите сè уште работат нормално.
Групата твитна пораки до српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека тоа „ќе го натера да плати висока цена“.
„Фашист Александар не губи време со неговите кучиња. Твојата војска не може да лае во моментов. Не ги потценувај ни Анонимусите, ќе ти ставиме поводник“, напиша групата.
Соопштението дојде како одговор на српскиот претседател кој заедно со пораката објави фотографија на Инстаграм како си игра со кучиња
„Се подготвуваме за битка против Анонимус“ реагирае Вучиќна првите пораки од оваа хакерска група од крајот на декември 2022 година, кои тврдеа дека Вучиќ „предизвикува провокации во северно Косово и се обидува да предизвика вооружен конфликт“.
Телевизискиот профил на Анонимус (@YourAnonTV) под украинско знаме, исто така, кон крајот на декември објави на Твитер дека е подготвен да одговори на „предизвикот“ на Вучиќ.
„Еј Александар Вучиќ, марионета на Путин, бидејќи си подготвен да не’ предизвикаш, ние ќе ти ја исполниме желбата. Ова е само почеток, наскоро ќе бидете сведоци на несекојдневни изненадувања од наша страна. Останете со нас“, се вели во објавата.







