Путин: Украина да признае дека изгубила територија па – дијалог

Рускиот претседател му рекол денеска на турскиот претседател Таип Ердоган дека Русија е отворена за дијалог за Украина, но дека Киев мора да прифати губење на територијата на која Русија полага право, објави Кремљ.



„Владимир Путин ја потврди отвореноста на Русија за сериозен дијалог, под услов властите во Киев да ги исполнат добро познатите и постојано изнесени барања и да ги земат предвид новите територијални реалности“, соопшти Кремљ.

Покрај тоа, Владимир Путин „ја потврди деструктивната улога на Западот, кој го снабдува Киев со оружје, дава информации и насоки“, соопшти Кремљ.