Украинската војска проценила дека 800 руски војници биле убиени во изминатиот ден – главно во борбите во регионот на Доњецк, пренесува Ројтерс.
Веста доаѓа во време на ветувањето на западните сојузници дека ќе го снабдуваат Киев со оклопни борбени возила, но не и тенкови што Украина ги сака.
За време на редовниот утрински преглед на борбите, украинската армија соопшти дека руските сили биле фокусирани на офанзива во регионот Бахмут и дека нивните напади кај Авдијивка и Купјанск не успеале.
Повеќе од 800 руски војници, еден авион, еден хеликоптер и три тенкови биле ликвидирани вчера.
Неодреден број цивилни жртви, исто така, беа пријавени како резултат на руски воздушни и ракетни напади врз главно уништениот и контролиран од Украина град Бахмут, како и два други града во регионот на Доњецк, Константиновка и Курахово.
Од своја страна, Русија негира дека нападнала цивили во нејзината „специјална воена операција“ во Украина.
????️Artillery of Ukrainian 28th Mechanized Brigade targeting Russians in Kurdyumivka, #Donetsk Oblast.#UkraineRussiaWar pic.twitter.com/GxXN1VRuax— MilitaryLand.net (@Militarylandnet) January 4, 2023






