Охрид вечерва позагаден од Скопје

Како е во Куманово?

Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, вечерва воздухот во Охрид е позагаден од воздухот во Скопје. 



Со виолетова боја се обоени Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Струмица и Струмица што значи дека во овие градови воздухот е екстремно загаден. Високо загаден е воздухот во Гевгелија, Скопје, Велес, Тетово, Кочани и Гостивар. Но, на мапата Куманово е во зелена боја што значи дека воздухот е многу ниско загаден. 

Во Куманово од месецов почна да функционира бесплатниот јавен превоз, кој има за цел да помогне за почист воздух. Во наредниот период ќе се види дали мерката ќе го даде ефектот. Планирано е бесплатниот превоз да трае до крајот на јуни. 

На листата на air visual, Скопје е 14-ти најзагаден град во светот. Но, состојбата се менува од час во час.