Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, му реплицира на министерот за надворешни работи Бујар Османи за неговото настојување за вклучување на Бугарите во Уставот како услов за преговарање за членство во Европската унија.



„Бугарите не ги признаваат македонскиот народ и македонскиот јазик и не имплементираат ниту една пресуда на Европскиот суд за човекови права за Македонците во Бугарија.

*Османи, чиј државен интерес е да се внесат во Устав тие што не нè признаваат?“, прашува полковникот на Армијата на Република Македонија.