Бербок: Путин сака да ја уништи Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Европската Унија направила сè за да сопре војната во Украина, но дека претседателот на Русија Владимир Путин не размислувал за ништо друго освен да ја уништи соседната земја.



Таа тоа го кажала на конференција во португалската престолнина Лисабон, пренесува Ројтерс.

Бербок додала дека ставот на Путин е причината зошто е „важно да се продолжи со испораката на оружје за Украина да може да се брани и да ги заштити животите на своите луѓе“.

Истакна дека Германија продолжува да бара начини за да ѝ помогне на Украина, како и дека секакво намалување на решителноста на Европа околу тоа прашање би била помош за Москва.