Османи: Уставни измени до ноември или прекинуваат преговорите со ЕУ

Не треба да се губи многу време за комплетирање на уставните измени и државата не смее да си дозволи да го дочекаме ноември без тие измени, порачува министерот за надворешни работи, Буар Османи и најави широка дебата за ова прашање.



– Не треба да губиме време. Мојот страв e дека ако ноември нѐ фати без завршени уставни измени ќе прекинат преговорите, ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека, се надевам дека нема да се злоупотреби, дека ќе влеземе во некое си црногорско сценарио, кое е многу тешко после да се врати со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата, изјави Османи на брифингот со новинарите.

Сите досегашни консултации во однос на измените, според него, биле неформални и токму затоа ги нарекол „консултации низ ходници“, па време е да се почне со формален сет консултации низ јавни дебати.

Сметам дека е важно да направиме разграничување меѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измени се проблематични и партиско-политичкиот интерес околу уставните измени. Засега тие се измешани и не може да се прави разграничување каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето. Тие не знаат дали ставот на некој политичар е поради тоа што сака избори и сака да биде на власт или заради тоа што уставните измени се ризични по државата и по народот. Луѓето кои не се експерти се збунети. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, каде завршува интересот на државата. Таа јавна дебата ќе го искристализира тој аспект“, објасни Османи и додаде дека е убеден оти дебатите ќе покажат дека уставните измени не се спорни, ниту пак се закана за државата по ниту еден услов, туку дека ќе ја направат државата посилна и со подобар имиџ во светот, смета Османи