Германија ги информирала полските власти дека нема намера да влезе во преговори за какви било репарации за Варшава од Втората светска војна бидејќи смета дека прашањето е затворено, соопшти полското МНР.



Но, околу ова прашање полското Министерство за надворешни се обратило до Обединетите нации за поддршка земјата да добие компензација за претрпените загуби кои Варшава ги проценува на околу 1.300 милијарди долари за време на окупацијата на Германија од 1939 до 1945 година.

Официјален Берлин, пак, досега во неколку наврати одговори дека прашањето за репарациите поврзани со војната е затворено со одлуката донесена во времето на комунизмот, кога Варшава се откажа од барањето репарации.