Побарувачката за работа минатата година во Хрватска била зголемена за цели 26 отсто во однос на 2021 година, додека во однос на преткризната 2019 година, вкупниот број на онлајн огласи бил поголем за 32,3 отсто.
Ова покажува дека побарувачката на хрватскиот пазар на труд е на историски највисоко ниво, објави Економскиот институт, Загреб.
Како што беше посочено во соопштението на веб-страницата на ЕИЗ, како и претходните години, најголем придонес за годишниот раст на побарувачката имаа огласите кои бараат работници со пониски квалификации и оние со средно образование, додека побарувачката за вработени со повисоко образованието придонесе со само 2,4 процентни поени зголемување на вкупниот број на огласи, што изнесува 12,1 отсто.
Продавачи, келнери, готвачи, магационери и книговодители се меѓу петте најбарани занимања.







