Белградскиот сплав „Фристајлер“ почна да тоне на новогодишната ноќ, а сопственикот, менаџерот и директорот беа уапсени во понеделникот под сомнение дека дозволиле да влезат повеќе луѓе отколку што можело да собере сплавот.
Според информациите со кои располага „Блиц“, при истрагата полицијата пронашла билет со сериски број 715.
Според медиумите, на сплавот, кој бил регистриран за 220 лица, имало најмалку 715 луѓе.
, „Фристајлерот“ почна да тоне само неколку минути по полноќ на 1 јануари, по што настанала паника и метеж, а гостите и персоналот на сплавот успеале да побегнат.
За среќа немаше жртви, а на официјалната страна на белградскиот сплав беше објавено дека сплавот нема да работи поради „годишниот одмор и новосоздадената ситуација“.







