Речиси е извесно дека „Продолжуваме со промената“ нема да обезбеди мнозинство во бугарското народно собрание за состав на влада, а тоа сои сигурноист ќе се знае во петоко кога се очекува да го вбратат мандатот добиен од поретседателот Румен Радев.



Во меѓувреме лидерката на БСП, Корнелија Нинова очекува Радев да го додели -третиот по ред – мандат на бугарските социјалисти и преку соопштение најави дека ќе се бори за политичка стабилност во земјата преку формирање на редовна влада.

„Очигледно сите гледаме кон третиот мандат, потенцираше црвениот лидер. Третиот мандат е мандат на разумот“, смета Нинова, која инсистираше да престане со емоциите.

Нинова побара кабинет со трет мандат, но без сриени зделки.

Најави борба против сиромаштијата, нееднаквостите и мерки за поддршка на семејствата, студентите, здравствените осигуреници да не доплаќаат и трговијата со здравствена заштита, за енергетска сиромаштија, рече Нинова и се изјасни за повторна пресметка на пензиите.

Побара, конечно, да се спроведеат реформите во правосудството.

„БСП сака да се бори против домашниот криминал и нашата земја да влезе во Шенген. Истовремено, Бугарија треба да се воздржи од прифаќање на украински војници на наша територија, како и да биде внимателна при влезот во еврозоната“, посочи Корнелија Нинова.

Лидерката на БСП повторно го критикуваше владеењето на Румен Радев.