Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека оваа Влада е на ДУИ поддржана од СДСМ. Тој уште еднаш го поздрави, како што рече, праќањето на позитивни сигнали од неколкумина пратеници од власта дека на оваа Владата мора да ѝ се стави крај. Мицкоски побара Владата да не врши притисок врз овие пратеници, туку да ги пушти да постапат согласно нивна волја.
Со реакција се јави и СДСМ. Од таму вели дека Мицкоски и 2023 година ја почнал со истата лага, дека наводно обезбедил гласови за распуштање на Собранието.
„Мицкоски е заложник на Левица и под сенка на осудениот бегалец Груевски, уплашен за својата фотелја. Како што ја заврши 2022, така заложникот на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски, ја започна и 2023 година – со невистини, со закани и со лажна надеж дека само што не дошол на власт. Исплашен за сопствената фотелја во Белиот дворец, Мицкоски по кој знае кој пат ја отвора приказната за ново парламентарно мнозинство и предвремени парламентарни избори“, вели СДСМ.
Од албанскиот блок, пак, Движењето Беса бара избори, а за Алијанса за Албанците приоритет се уставните измени. Од оваа партија велат дека ако измените евентуално пропаднат, тогаш изборите се неизбежни, пренесува ТВ 21
Власта на редовни парламентарни избори во 2024 година.






