
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор во Бразил Ивица Боцевски смета дека одлуката на МНР за МКкарта за македонските иселеници преку посебен ред за влез во земјава би се нарушувала еднаквоста на граѓаните пред државните органи.
– Не ја разбирам оваа одлука, а ни идејата зад проектот МКарта. Иселениците од дијаспората кои што придонеле за Македонија треба да се наградат со орден, плакета или друг тип на признание. Сето останато е кршење на Уставот и создавање проблеми каде што ги нема.
Инаку, најискрено … сум сретнал многумина познати и признати иселеници од Македонија, но ниту еден од нив нема проблем да плати било за културна манифестација, за посета на музеј или галерија.
Исто така, на скопскиот аеродром и не се чека нешто посебно за влез во земјата, па чудно е зошто би се правел посебен ред и зошто би се нарушувала еднаквоста на граѓаните пред државните органи.
Покрај тоа, убеден сум дека, како и секоја привилегија, и ова ќе почне веднаш да се злоупотребува, па ќе биде упатно за МНР Бујар Османи да обмисли начин за оддавање признание за иселениците, во соработка со кабинетот на Претседателот на Македонија, наместо да допушти македонската дипломатија да влегува во вакви необмислени авантури, пишува Боцевски на ФБ.





