Првото ,,Потемкиново село” на Ковачевски во 2023 ја стави во незгодна ситуација целата влада

Првата фалба на премиерот Ковачевски во новата 2023 година ги стави во небрано целиот владин кабинет и првиот човек на владата откако тој беше запрашан каде завршија односно на што се потрошија парите со кој се фали во јавноста.



Ковачевски тврди дека минатата година владата што ја води била потрошена рекордна сума на пари од буџетот за капитални инвестиции но не наведува што е изградено со тие пари.

,,2022 беше година на највисока реализација на капитални инвестиции досега. Дури 465 милиони евра од планираните 523 милиони евра капитални расходи беа успешно реализирани.
Во оваа исклучително тешка година зад нас, имаме позитивни економски показатели, нашата земја напредува”, пишува Ковачевски во својата прва фалба во годината која може да се нарече ,,Потемкиново село”, затоа што зад фасадата од бројки која ја дава Ковачевски нема многу реално изградени инфраструктурни проекти.

Во специјалното видео што го подготвиле луѓето одговорни за пропаганда во владата се прави споредба со потрошените пари на владата во 2016 и 2009 година кога буџетот беше речиси двојно помал а граѓаните паметат дека во тој период се градеа десетици големи проекти како автопати, стадионот Филип Втори, салата Борис Трајковски, зградите за институции од Скопје 2014, споменици и друго.

Сега Ковачевски во своето ,,Потемкиново село” не наведува ниту еден голем инфраструктурен проект направен со огромните пари за кои зборува.

Потемкиновите села (руски: potemkinskie derevni), е метафора, која означува нешто што не постои, односно постои само имагинарно.

Фразата е именувана по рускиот војсководец и кнез Григориј Александрович Потемкин, кој за време на Руско-турската војна од 1787-1792 година станал гувернер на новоосвоените територии кои го опфаќале Крим и други територии северно од Црното Море. Тогаш Потемкин наредил да се импровизираат сцени од непостоечки села на напуштените степи на Јужна Русија, со селани, овчари и стада, само за руската царица Катерина II, која минувала во 1787 година, да види како Русија, под негово владение, цветала и напредувала. Со тоа сакал да ја покаже лажната вредност на освоените региони.

Денес, оваа метафора често се користи за да се обиде да создаде лажен впечаток.