Папата Франциско пред шест месеци ги отфрли шпекулациите дека планира да поднесе оставка поради здравствени проблеми. Меѓутоа, дури и сериозно да размислувал за таа идејата, тогаш ќе се соочил со голема пречка бидејќи во тоа време негоивиот претходник беше – во пензија.
Смртта на Бенедикт Шеснаесетти, кој во 2013 година стана првиот папа во последните 600 години што се повлече наместо да владее доживотно, треба да му олесни на Францис да одлучи за потенцијалното заминување.
Франциско може да размисли и што ќе се случи со идните папи кои ќе изберат да се повлечат поради старост, наместо да останат на функцијата до смрт.
Папата сега има 86 години, што значи дека е една година постар од Бенедикт кога се пензионираше. И покрај тоа што има потреба од бастун и инвалидска количка, тој не покажува знаци дека не може да ги извршува своите должности соодветно.
Тој веќе има планирани патувања во Африка овој месец и Португалија во август.
Сепак, тој јасно стави до знаење дека нема да се двоуми да се повлече еден ден доколку неговото ментално или физичко здравје го спречи да ја води 1,3 милијарди членови на Црквата.
Во интервју за Ројтерс во јули, тој ги отфрли гласините за неизбежна оставка. „Никогаш не ми паднало на памет“, рече тогаш.
Црковниот закон вели дека папата може да поднесе оставка, но одлуката мора да биде донесена без надворешен притисок, мерка на претпазливост воведена пред неколку векови кога европските сили се обидоа да влијаат на Ватикан.
Франциско изјави за Ројтерс дека по неговата потенцијална оставка, тој нема да остане во Ватикан или да се врати во родната Аргентина, туку ќе живее скромно во домот на пензионирани свештеници во италијанската престолнина „бидејќи тоа е неговата епархија“.







