Оваа владејачка коалиција е целосно корумпирана, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за Вечер.мк.



СДСМ е комплетно поданик на ДУИ. Ако во СДСМ не смогнат сили за избори, партијата ќе се фрагменмтира, нивните гласачи ќе се прелеат во други политички субјекти, вели Мицкоски.

На прашање дали може да се очекуваат вонредни парламентарни избори во 2023-та година како одговор на политички рејтинзи Мицкоски оптиумист:

„Јас мислам дека најдоцна во јануари треба да има разврска ова сценарио за потенцијални предвремени парламентарни избори. Ако ме прашате зошто, затоа што ценам дека предвремените парламентарни избори би требало да се случат некаде во мај месец односно оваа пролет.За тоа да се случи потребно е во јануари да имаме политички и општествен консензус, веќе во февруари техничка Влада таму некаде средината на февруари. Потоа влегуваме во два периода кои што се поврзани со големи верски празници, тоа е Рамазан и Велигден.

И потоа по завршување на овие големи верски празници да отпочне процесот на кампања, тоа би значело крајот на април почеток на мај, и таму некаде во средината или втората половина на мај да имаме предвремени парламентарни избори“ вели Мицкоски.