Претседателот Румен Радев денеска ќе и го врачи вториот мандат за состав на влада на втората по големина пратеничка група во 48. Народно собрание – таа на „Продолжуваме со промената“ на екс-премиерот со најкраток стаж во историјата на Бугарија – Кирил Петков.
Овој пат, мандатот ќе му биде врачен на кандидатот на „Продолжуваме со промените“ за премиер – академик Николај Денков.
Николај Денков од 2014 до 2016 година беше заменик-министер за образование во владата на ГЕРБ, а од јануари до мај 2017 година беше министер во истото министерство во владата на Огнен Герџиков. На истата министерска позиција се најде и во првата и втората влада на Стефан Јанев од мај до декември 2021 година.
Ова се случува речиси 4 месеци по изборите одржани на 2 октомври 2022 година, јави репортерот на БГНЕС.
Народните избраници на 14 декември 2022 година не ја одобрија кандидатурата за премиер на ГЕРБ-СДС проф. Николај Габровски, кој го доби првиот мандат за формирање влада. „За“ гласале 113 пратеници, „против“ 125.







