Канада ги затвора вратите за странските инвеститори кои сакаат да купат домови, пренесува Си-Ен-Ен според кој од 1 јануари суштински им забранува на странците да купуваат станбени имотиво период од две години.



Законот беше усвоен поради порастот на цените на становите во Канада од почетокот на пандемијата и верувањето кај некои политичари дека странските купувачи се тие што се одговорни за зголемувањето на цените.

„Канадските недвижности привлекуваат профитери, богати корпорации и странски инвеститори“, соопшти минатата година партијата на премиерот Џастин Трудо.

„Ова води до реален проблем на недоволно искористени и празни станови, неконтролираното шпекулирање и вртоглаво растење на цените.

Домовите се за луѓе, а не за инвеститори.

Законот предвидува исклучоци за купување домови од имигранти и постојани жители кои немаат канадско државјанство.

Просечните цени на домовите во Канада го достигнаа врвот на нешто повеќе од 800.000 канадски долари во февруари и оттогаш опаднаа за околу 13 отсто…