Може ли на Димитров да му помогне новата вештина во идната кариера

На социјалните мрежи се развива дебата дали екс министерот за надворешни работи и екс вицепремиер Никола Димитров сецка посебна салама или шунка.



Откако Димитров кој беше моќен политичар кој наспроти волјата на граѓаните искажана на референдум го потпиша Преспанскиот договор, се пофали дека сецкал салама, во јавноста се појави дилема дали тој се обидува да добие евтин некој поен во јавноста со сецкање салама сега кога веќе не е на власт.

Едно од прашањата во врска со темата е дали Димитров навистина нема пари да си купи шунка па затоа сецка посебна салама за руска салата.

Некои пак на шега велат дека Димитров со сецкање руска салата тргнал на пат спротивен на НАТО.

Во секој случај на Димитров сецкањето салама не му донесе поени и ако не успее да собере 1000 потписи за формирање на политичка партија можеби талентот за сецкање салама ќе може да го практикува во некој од македонските ресторани на кои им се потребни квалификувани сецкачи на салама.

Дел од коментарите