Баба Ванѓа нема добри вести за 2023 година, за кога таа го предвидела еден од највознемирувачките настани досега.
Македонскиот мистик Баба Ванѓа се прослави меѓу народот по својата наводна способност да ја предвидува иднината, поради што многумина ја споредија со Нострадамус. Се верува дека таа го предвидела нападот на 11 септември, но и доаѓањето на власт на Доналд Трамп.
Според анализите и преданијата од нејзините предвидувања нема добри вести за 2023 година.
Бидејќи таа не ги запишала своите предвидувања, во тек е дебата за тоа што направила или кажала. Од друга страна, постојат одредени предвидувања кои се поврзани за наредната година, пишува порталот History.
Разорна соларна бура?
Едно од најалармантните предвидувања за 2023 година се однесува на соларна бура која може да има фатални последици. Терминот „сончева бура“ може да се однесува на неколку феномени на површината на Сонцето, вклучително и сончеви блесоци и исфрлања на коронална маса. Короналните масовни исфрлања се огромни ерупции на плазма кои можат да стигнат до Земјата, предизвикувајќи геомагнетни бури кои потенцијално би можеле да ги испржат електричните мрежи и да предизвикаат значителна штета.
Најдраматичниот пример во запишаната историја бил настанот во Карингтон од 1859 година, именуван по британскиот астроном Ричард Карингтон. Дошло до пад на телеграфските мрежи, што предизвикало пожари и струен удар. Доколку денес би се случил ваков настан, ефектите врз комуникациите, услугите и секојдневниот живот би биле речиси непроценливи.
Промена на патот на Сонцето
Според тие што ја анализираат и интерпретираат Баба Ванѓа прорекла дека патеката на Земјата околу Сонцето ќе се промени оваа година. Нашата планета патува 584 милиони милји околу Сонцето секоја година. Тоа е под влијание на гравитационите сили на другите планети, што значи дека орбитата на Земјата може да се помести и се менува. Меѓутоа, таквите промени се случуваат циклично во текот на многу илјадници години.
Последиците од дури и суптилни, бавни промени може да бидат сериозни. На пример, се смета дека поместувањето на орбитата придонело за палеоценско-еоценскиот термички максимум, период на интензивно глобално затоплување што се случило пред речиси 56 милиони години.
Доколку тоа се случи во рок од една година, последиците би биле апокалиптични, пишува порталот History.
Тестирање на биолошко оружје
Едно од предвидувањата за наредната година е тестирањето на биолошкото оружје кое ќе го изврши една „голема“ земја. Ова е несомнено едно од највознемирувачките предвидувања што пророчицата некогаш ги направила. Со оглед на актуелната политичка ситуација во светот, ова звучи како можна опција. Но, потребно е да се констатира дека тестирањето на биолошкото оружје би значело кршење на сите конвенции кои го забрануваат, а сигурно би следела реакција на другите земји.
Застрашувачките прогнози вклучуваат промена на орбитата на Земјата, која би можела да биде предизвикана од глобална нуклеарна експлозија. Сончева бура, која би го зголемила нивото на радијација на Земјата, е само една од многуте можни последици од ова, пишува порталот ДНК. Една од научните иновации што ги најавува се „лабораториски деца“, а луѓето ќе можат да го „изберат“ изгледот и карактеристиките на нивните идни деца.
Една од најневеројатните предвидувања за оваа година кои ги пренесува Јутарњи е дека планетата Земја ќе биде посетена од непријателски вонземјани во 2023 година, како резултат на што ќе умрат милиони луѓе на Земјата.
Дали нејзините предвидувања ќе се остварат?
Никој не го знае ова, но неопходно е да се забележи дека иако нејзините обожаватели тврдат дека таа предвидњла многу настани, многу од нејзините предвидувања се покажале неточни.





