,,Македонството” на Ахмети траеше до заминувањето на истражителите на САД за Црната Листа

На 6 декември минатата година лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше средба со американската амбасадорка Ангела Агелер.



На средбата тој, најверојатно на барање на протоколот на амбасадата на САД, го постави македонското знаме како симбол на државата во која живее и владеење веќе 20 години без прекин.

Во тоа време во Македонија беа присутни истражителите на американското министерство за финансии кои ги утврдуваат фактите за ставање на луѓе на американската цена листа.

Веднаш потоа американките експерти за корупција си заминаа а Ахмети од тогаш заборави на македонското знаме и сите други симболи што се поврзано со македонската држава.

Од 6 декември Ахмети не се сликал со македонско знаме ниту го користел македонскиот јазик.

На средбата со друг амбасадор неколку дена подоцна, на република Чешка, македонското знаме го нема.

Ниту новогодишната честитка на Ахмети кој на албански јазик им се обраќа само на неговите ,,браќа и сестри”, не е напишана и на македонски јазик.