Половина час по полноќ, жена од Велес на 55-годишна возраст , се фрлила во реката Вардар во Велес.



Исчезнувањето на М.К. од велешкото село Сојаклари, го пријавил нејзиниот брат Д.М (61), а подоцна е утврдено дека жената скокнала во реката од тн. Мало Мовче.

По неа или по нејзиното тело сè уште се трага.

„Поради временските услови, конкретно намалена видливост и зголемен водостој на р. Вардар, било утврдено дека условите денеска не дозволуваат друга поголема акција. Потрага по лицето се планира да продолжи во текот на утрешниот ден (02.01.2023 година), при што е побарано од страна на СВР Велес да бидат вклучени ДСЗ со својот тим за заштита и спасување на вода, а според одѕивот и можностите да се вклучат и доброволни друштва и кајакари“ – информира ЦУК.