Бројни експлозии се слушнаа во Киев и други места ширум Украина, а сирените за воздушни напади завиваа низ целата земја во првите неколку часа по полноќ на Нова година.
со звукот на сирените, некои луѓе во Киев извикуваа од своите балкони: „Слава на Украина! Слава на хероите!“ изјавија сведоци за Ројтерс.
Украинското Министерство за надворешни работи објави видео на кое се гледа како синоќа за време на полицискиот час се славела Новата година во Киев.
На беспилотното летало што синоќа го погоди Киев, наводно пишувало порака „Среќна Нова Година“, пишува Киев пост.






