Гаши: Да не се губи време на нови комбинаторики за парламентарно мнозинство, но не сме против влез на АА во Владата

„Парламентарното мнозинство со 64 пратеници е стабилно.’ – уверува претседателот на ‘Алтернатива’ Африм Гаши. Според него, активностите треба да се насочат кон решавањето на економската и енергетската криза, за да не се губи време на нови комбинаторики за парламентарно мнозинство.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“

Тетова сот“ пишува: Наспроти ваквиот став на „Алтернатива“, Гаши не се противи на вклучувањето на Алијансата за Албанците во Владата, со која вели дека ги зачувал многу добрите односи.
„Секако, им кажав дека, ако решат да влезат во Владата, „Алтернатива“ ќе биде тука да соработува со нив. Но, останува тие да одлучат. Ние не се мешаме во одлуките на нивната партија. Само изразивме подготвеност да соработуваме со нив без оглед на која позиција сме. Ние во Владата, заедно во Владата, заедно во опозицијата и така натаму.“ – изјави претседателот на „Алтернатива“ Африм Гаши.