Украинскиот претседател потпиша предлог-закон за етничките малцинства, што е еден од условите за почеток на преговорите за членство на Украина во Европската унија.
Во изминатите неколку години, Украина усвои голем број државни закони за образование на јазици кои имаат за цел да ги истиснат јазиците на етничките малцинства од јавниот живот.
Парламентите на Романија, Бугарија и Унгарија укажаа на кршење на правата на етничките малцинства во Украина, пренесува ТАСС.
Според сегашниот предлог -закон, припадниците на етничките малцинства ќе имаат право на самоопределување, слобода на здружување и мирно собирање, слобода на изразување, слобода на говор, слобода на совест и религија, како и право да учествуваат во политичките, економските и општествениот живот на земјата и да се зачува културниот идентитет.
Документот потпишан од Зеленски, исто така, го гарантира правото на слободно користење на јазиците на етничките малцинства во приватниот и јавниот живот во усна и писмена форма „се додека тоа не е во спротивност со законот“.
Меѓутоа, законот конкретно забранува „рекламирање и пропаганда“ на Русија и активностите на нејзините владини претставници и тела „кои создаваат позитивна слика“.
Според податоците од последниот попис спроведен во Украина во 2001 година, уделот на етничките малцинства во земјата бил 22,18%, а Русите се најголемата етничка група (17,3%).







