Генералниот секретар на НАТО, денеска побара од земјите-членки да размислат за испорака на повеќе оружје за Украина.
„Ги повикувам сојузниците да направат повеќе. Во сите наши безбедносни интереси е да обезбедиме Украина да преовлада и Путин да не победи“, изјави Јенс Столтенберг, за германската новинска агенција ДПА.
Столтенберг смета дека можеби е уште поважно Украина да добие доволно муниција за веќе поставените системи, додавајќи дека потребата е „огромна“.
САД минатата недела објавија воена помош вредна речиси 2 милијарди долари, вклучувајќи го и системот за воздушна одбрана Патриот, кој нуди заштита од авиони и крстаречки и балистички ракети. Столтенберг наведува дека воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мир.
„Знаеме дека повеќето војни завршуваат на преговарачката маса – веројатно и оваа војна – но знаеме дека она што Украина може да го постигне во овие преговори е нераскинливо зависно од воената ситуација“, рече тој.





