„ИГМ трејд“ на Гечев важи за една од најголемите извозни компании во Македонија (Фото: Принтскрин од видео)
објави
Српскиот магазин „Недељник“, за првпат состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот на која се најде и еден Македонец.
Според „Недељник“ листата не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денес.
Сопственикот на компанијата „ИГМ трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев, е единствениот милијардер во Македонија.
Тој се наоѓа на 18. место на оваа листа, со проценето богатство од 1.054.946.440 евра.
„ИГМ трејд“ постои од 1994 и важи за една од најголемите извозни компании во Македонија. Произведува челични и заварени цевки и профили и во оваа област е една од најголемите фирми во југоисточна Европа.
На прво место на оваа листа е хрватскиот „крал на осигурувањето“ Дубравко Гргиќ, кој има богатство од 2,84 милијарди евра.
„Недељник“ ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на њујоршката берза. Со исклучок на Гечев, меѓу најбогатите 20-мина се наоѓаат само бизнисмени од Хрватска и Србија.







