„Почетокот на 2023 година ќе ја донесе и американската ‘Црна листа’, дополнета со имиња на протагонисти на политиката и на власта во Македонија! Посакуваме во таа листа да бидат имињата на политичари, кои со искинати гаќи влегоа во политиката, а потоа станаа милионери!“ – вели одговорниот уредник на информативната агенција на албански јазик ИНА Насер Пајазити во објавата на својот фејсбук-профил со наслов „Кои можат да бидат политичарите и функционерите, кои ќе се најдат на ‘Црната листа’ на САД?!, која ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија.
Пајазити пишува: „Неофицијалните вести, кои доаѓаат отаде океанот, велат дека цел ќе бидат проруски политичари, кои веќе се познати, корумпирани политичари и функционери, меѓу нив не се исклучени високи владини и парламентарни функционери, градоначалници, шефови на правдата, но и политичари, што ги ги загрозуваат процесите, кои се важни за земјата за мирот на Балканот.“
„Имињата сигурно ќе останат непознати се до денот кога ќе бидат објавени, бидејќи засега е се шпекулативно? Но, посакуваме тоа да бидат оние политичари, кои со искинати гаќи влегоа во политиката, а потоа станаа милионери!“





