„Честитајќи им ја Новата година на сите граѓани, во утрешната колумна во ‘Нова Македонија’ претседателот на Македонската академија на науки и уметности Љупчо Коцарев се осврнува на оптимизмот, како способност да се препознаат можностите. Дали во Македонија може да се препознаат можностите и да се гради подобра иднина и како тоа да се направи?“ – најави весникот „Нова Македонија“
Покрај другото, во колумната Коцарев нагласува: „Македонија е во агонија веќе подолго време. Нам, на Македонците, реалноста полека ни се лизга низ прсти – уценети, и однадвор и однатре, животот на сите нам, освен на дел од владејачката елита, сенишно ни поминува покрај нас: ние сме само неми, безлични и бесцелни набљудувачи на овој наш живот што не го живееме, а истовремено се чувствуваме, беспомошно гледајќи како Македонија се расчеречува, се раздробува, се распарчува и се разнебитува.“
„Обединувањето на македонските политички партии е единствената можност за остварување на посакуваниот сон: вековно опстојување на Македонија. На самобендисаните, арогантни и неуки македонски политичари нема да им биде едноставно да се откажат од власта, меѓутоа, сѐ друго води кон пропаст и изумирање на оваа држава, на Македонија.“
Целата колумна ќе биде објавена во утрешното издание на овој весник.
Home Македонија Коцарев: Македонските партии да се обединат, за да ги тргнат арогантните политичари...




