По смртта на светската фудбалска ѕвезда Пеле, претседателот Жаир Болсонаро прогласи тридневна жалост, јавуваат бразилските медиуми.
Фудбалскиот клуб Сантос, каде што Пеле ја помина речиси целата кариера, ги објави деталите од погребот.
В понеделник, телото на Пеле ќе биде пренесено од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло до стадионот „Урбано Калдеира“, каде што ковчегот ќе биде поставен на центарот на игралиштето, за да може јавноста да му оддаде почит.

Следниот ден, вторник, предвидена е процесија по улиците на Сантос и Сао Пауло, пред Пеле да биде погребан на приватна церемонија, на која ќе присуствува само семејството.
Пеле почина вчера, 29 декември, во болница во бразилскиот град Сао Паоло на 83-годишна возраст по долго боледување.
Многумина го сметаат за најталентираниот фудбалер кој некогаш ја играл оваа игра, Пеле го предводеше Бразил до три титули на Светските првенства во 1958, 1962 и 1970 година. Тој останува водечки стрелец во Бразил со 77 гола во 92 натпревари.






