Народниот правобранител Зибери наместо народен е адвокат на Ахмети

Народниот правобранител Насер Зибери наместо адвокат на народот, потврди дека е адвокат на лидерот на ДУИ Али Ахмети, потврди дека не му е важна заштитата на правата на граѓаните, туку партискиот и личен интерес, а тој интерес му е при крајот на мандатот на Владата да разговара со Ахмети за својата кариера, да биде три месеци премиер, изјави на прес-конференција Фатмир Сабриу од Беса, како реакција на интервјуто со Зибери за Алсат телевизија.



„Во Македонија не само судовите, туку е и институцијата Народен правобранител под политичко влијание на владејачката партија ДУИ. Народниот адвокат Насер Зјбери нас Алсат не зборува за граѓанинот и неговите права, туку зборува со суперлативи за лидерот на ДУИ, Ахмети, кој откако него не го направи премиер, му ја даде функцијата народен адвокат, а всушност, сопствен адвокат“, рече Сабриу.

Според него, Зибери е таканаречен народен правобранител бидејќи нема ниту интелектуален ниту морален капацитет да ги застапува граѓаните.

„Како и со колкава посветеност Народниот правобранител ја извршува својата работа говори дури и фактот дека според Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2022 година до Европскиот суд за човекови права,Во истиот извештај се наведува дека Република Северна Македонија треба да ги спроведе препораките дадени од Европската комисија во 2021 година за заштита на човековите права и спречување на тортурата, рече тој.

Додаде дека Европската комисија е загрижена заради лошата состојба во затворите, кршењето на човековите права во овие институции и предлага веднаш да се преземат неопходни мерки за подобрување на условите во овие институции.

Но, што да очекуваме од именувана политичка фигура на лидерот на партијата на владејачката ДУИ, кој не е способен да обезбеди буџет за институцијата, кој нема капацитет да ги заштити граѓаните,нема основно познавање за тоа што значи Народен правобранител. Но, со најновата изјава Зибери докажува дека институцијата Народен правобранител ја смета за можност за реализација на свои политич