Во Министерството за внатрешни работи нема функционер на кој му е платено патување во странство на државна сметка, одговори денеска на пратеничкото прашање на Драган Ковачки, премиерот Димитар Ковачевски.



Ковачки го праша премиерот дали го оправдува однесувањето (престој во претседателско апартмен во хотел во Истанбул што чинел 20.000 евра за една ноќ) на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ и доколку одговорот е негативен, дали би поднел предлог до Собранието за негово разрешување.

Незадоволен од одговорот на премиерот, Ковачки рече дека дека Владата бега од одговорност и го обвини Ковачевски дека е уценет од ДУИ.

„Од одговорот докажавте дека сте уценет човек и дека цело време сте под притисок од ДУИ. Вие сте обичен слуга на ДУИ. Како може да не ве интересира кој му ја платил сметката и да толерирате изјава дека „не знае кој му ја платил сметката“.

Ако на заменик-министер не му е важно кој него го корумпира, како тој човек ќе се бори утре против корупција, рече Ковачки.