Метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо објаснува дека во следниот период во



Во Македонија во наредниот период ќе се случува феноменот „температурна инверзија“ поради кој на повисоките и планинските места ќе биде потопло, а во низините и котлините постудено.„ Во следниот период, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, како и првата седмица од новата 2023 година ќе продолжи стабилното, суво и сончево време и тоа особено на повисоките места и на планините. Повремено ќе има појава на умерена облачност а ќе биде и тивко – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо..

По одделни котлини и речни долини, вклучувајќи ја и Скопската Котлина, како и котлините кои се наоѓаат долж Повардарието ќе има појава на густа магла и на ниска облачност, со што и воздухот ќе биде значително загаден.

„Температурите наутро ќе се спуштаат под нулата, додека максималните дневни ќе бидат невообичаено високи и тоа особено за време на викендот и следната седмица, и особено на повисоките и планинските места. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до дури 17 степени“, прогнозира Попоски.

Метеопрогнозерот напоменува дека во местата со магла и ниска облачност, вклучувајќи ја и Скопската Котлина температурата ќе биде пониска, а воздухот во Скопје и понатаму ќе биде многу загаден.