Апологетот на власта чиј син добил 715 илјади евра сака да ни каже дека парите од владата се заслужени

Екс портпаролот на влада на СДСМ и екс новинар Зоран Иванов кој е еден од најголемите апологети на актуелната влада на СДСМ и ДУИ одговара на медиумските написи во кои се зборува за неговиот син како добитник на огромен буџет за снимање филм од владината Агенција за филм.



Иванов меѓу редови сака да каже дека неговиот син е успешен режисер и дека треба да зема пари за своите проекти.

,,Да се казнат, на робија да се пратат родителите кои имаат успешни деца, а успешните деца на гордите родители итно малку во логор на превоспитување додека не се спуштат  до општата примитивна просечност!!”, пишува Иванов со доза на иронија индиректно критикувајќи ги тие што ги поврзуваат парите што синот ги добива од владата и неговата медиумска одбрана на истата таа влада.

Пошироката јавност тешко може да се сети на некој успешен филм на синот на Зоран Иванов но неговиот татко сметка дека тој е успешен и затоа треба да добива пари од државата.

Режисерот Игор Иванов Изи за своите филмови добиваше сериозни парични средства од филмскиот фонд и во времето на ВМРО-ДПМНЕ.