Васко Ковачевски, директорот на Државните електрани, вели дека Блокот 1 од РЕК Битола во вторникот бил ислкучен бидејќи останатите ги задоволуваат потребите на ЕСМ.
Во гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Ковачевски рече, во услови на зголемена побарувачка, сите блокови се во постојана функција, без пауза за редовно сервисирање, а се одржуваат кога ќе се создадат соодветни услови.
„Ние вчера(вторник) го исклучивме Блок 1 затоа што имаше помала побарувачка со останатите прозиводни капацитети ги задоволуваме 100% од потребите на ЕСМ“, рече Ковачевски.






