Видео објавено на социјалните мрежи покажува како ниту македонските институции не санкционираат прекршување на македонските закони (во случајов законот за сообраќај) од страна на странци ниту странските дипломати во Скопје ги почитуваат македонските закони.
Според регистрацијата и моделот на возилото Форд се работи за возило на амбасадата на САД во Скопје кое е недозволено паркирано на тротоар а не е целосно јасно дали може да користи флешери какви што во Македонија користат само возила за специјална намена.
Кој американски дипломат и возач ги прекршиле македонските закони треба да кажат од амбасадата чие возило е снимено во центарот на Скопје.
И ова однесување објавено на Твитер е корупција односно расипување на системот за кој зборуваше американската амбасадорка Агелер и затоа добро ќе биде таа со санкции или со извинување во име на нејзините соработници да даде пример како треба да се однесуваат и македонските функционери.
Легендата вели:
Само “Америчка амбасада” има право да “паркира на тротоар” во “не правна” држава на сервилни политичари без кичма и тоа возилото да го паркира на место за пешаци пред очи на Министерот за правда како и да користи флешери што со закон се дозволени за спец.возила!!! pic.twitter.com/t6i4IxyTmr— Бриџит Џоунс – ЈОЦИ (@brizitLioness) December 28, 2022






