Кулушевски прогласен за најдобар фудбалер на Шведска во 2022 година

Шведскиот репрезентативец од македонско потекло Дејан Кулушевски е избран за фудбалер на годината на Шведска.



„Целата оваа година беше неверојатна. Отидов во Тотенхем и се вратив во живот“, изјави 22-годишниот играч за врска со потекло од Охрид, кој од јануари годинава до јуни 2023 година настапува за англискиот премиерлигаш како зајмен играч од Јувентус.

Поранешниот репрезентативец на Македонија до 17 години забележа еден гол и седум асистенции за Тотенхем во Премиерлигата, а за Шведска еден погодок и три асистенции во квалификациите за Светското првенство и во Лигата на нациите.