Брок Френклин (31) шеф на банда инволвирана во трговијата со секс, беше осуден на 472 години затвор.



Ова е најдолга затворска казна за трговија со луѓе во историјата на САД, објавија медиуми.

Бандата жртвите ги наоѓала на Фејсбук дрогирала неколку жени и девојки и потоа ги продавале на интернет на клиенти за секс во хотели.

Судот во Колорадо го прогласи Френклин виновен за околу 30 кривични дела, вклучително и присилување на деца и малолетници на проституција.

Една од жртвите на бандата на Френклин, Бреана Лири, по пресудата за локалните медиуми, изјави: „Искрено, не мислам дека казната е доволна, сакам повеќе… 400, 500 години, тоа е долго време. Ова е крај, но јас сè уште не го добив она што го сакам“, изјави Лири за KKTV.