Момироски: Четири можни причини зошто владата не сака дописник во седиштето на ЕУ

Авторот на емисијата Заспиј ако можеш Горан Момироски кој е поранешен дописник на МИА од Берлин смета дека има најмалку 4 можни причини зошто Владата го укинува дописништвото на МИА од Брисел.



Според него причините зошто владата упорно тврди дека Македонија почнала преговори за членство во ЕУ а го укинува единственото македонско дописничко место од Брисел се следниве:

1. Индиректно признава дека преговорите за ЕУ воопшто не се почнати и господ знае дали наскоро ќе почнат

2. Очекува страшни критики од ЕК во следниот извештај за состојбата во низа сектори особено за владеење на правото, правда, внатрешни работи , безбедност и корупција

3. И се одмаздува на колешката, дописничка на МИА од Брисел, Тања Милевска што отворено на социјалните мрежи зборува за грешките и глупостите на СДСМ и ДУИ

4. Сака да ги централизира сите информации што ќе доаѓаат од Брисел и преку Маричиќ и македонската мисија во ЕУ да ја контролира штетата од критиките што ќе доаѓаат од Брисел

Момироски пишува дека ако тргне од сопственото искуство причината за затворањето на дописништвото во Брисел е под број 3, односно дека владата на СДСМ и ДУИ и се одмаздува на Милевска за отворените критики кон нејзините политики.

,,Мене од Берлин ме врати ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ да добие таква можност”, пишува Момироски кој алудира дека бил вратен од владата на Груевски затоа што ја критикувал додека бил во Берлин.