Индексот на загаденост во Скопје утрово изнесуваше 178, покажаа податоците на веб-страницата на „Ај-кју ер“ со шпто Скопје пак е меѓу првите 10 најзагадени во светот.
Измереното загадување е 19,6 пати над дозволените граници, според мерните вредности на СЗО.
Вчера престанаа да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденост на воздухот во главниот град. Прекинува да важи и одлуката за бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје.
Скопје веќе не е загадено, од денеска нема бесплатен ЈСП
Од Министерството за животна средина вчера рекоа дека тие само даваат препораки и им помагаат на општините во нивната борба со загадениот воздух.







