Од денеска престанува да важи мерката за бесплатен автобуски превоз во Скопје која беше воведена пред два дена поради аерозагадувањето во главниот град.



Загадувањето на воздухот, како што соопштија од Град Скопје, сега е под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 во два последователни дена.

„Град Скопје ќе продолжи и натаму да ја следи состојбата со аерозагадувањето и во случај од потреба за повторно активирање на мерките, меѓу кои и бесплатен јавен превоз, ЈСП Скопје навремено ќе ја информира јавноста“, велат од ЈСП.

Потсетуваме, Скопје се најде на врвот на листата на најзагадени градови на светот, рамо до рамо со понаселени градови од Индија, Кина и Пакистан.