Српската министерка за заштита на животната средина Ирена Вујовиќ смета дека нема потреба да знае ништо за еколошката несреќа во Пирот и дека не треба да знае кој е одговорен за таа катастрофа.
На новинарско прашање , како и за тоа како се случило истекувањето на амонијакот од превртена вагон-цистерна поради што две лица загинаа а 50-на побарале лекарска помош, Вујовиќ покажа дека е подготвена на се, освен да одговара на прашања.
„Дали знаете колку „Еликсир“ (групата од Шабац, сопственик на товарот на возот што излета од шините кај Пирот) складираше и колку истече? праша новинарот.
„И што треба јас да ја измерам таа количина? „Има инспекциски записи“… Што сум должна јас да знам? – рече Вујовиќ.
На новинарска забелешка дека железницата не може да ја пренесува толкаво количество, Вујовиќ одговори:
„И што треба да ја измерам таа количина?
„Кој им дозволува“, праша новинарот, на што Вујовиќ одговори:
„Ајде стварно сте несериозни, прашајте ме мене како министер за заштита на животната средина што е адекватно, сега губиме време, рековте кратко ќе одговориме“, рече министерката.






