Во Тирана протест за Косово со мапи на Голема Албанија (ВИДЕО)

Денеска во Тирана, главниот град на Албанија, се одржа митинг на Албанците незадоволни од српските барикади на Косово во близина на српската амбасада.



Носејќи американски и албански знамиња, мапи на Голема Албанија (албанската етнонационалистичка проекција што ги прикажува Албанија и покраината Косово обединети како една земја), скандирања кои повикуваат на Етничка Албанија и ги фалат албанските воени команданти од војната во 1999 година кои се осудени за воени злосторства, албанските демонстранти побараа акција против српските барикади од страна на силите на КФОР.