Шпанија најави нова серија мерки за помош на населението и олеснување на економската криза предизвикана од руската војна во Украина.
Укинат е данокот на додадена вредност на основните намирници како лебот и млекото, јавува Асошиејтед прес.
Премиерот Педро Санчез ги објави мерките во говорот на крајот на годината.
Владата ќе го намали и ДДВ-то за маслото и тестенините од 10% на 5%.
Рибата и месните производи беа исклучени од даночни олеснувања.
Според Санчез, трите пакети мерки за помош усвоени од почетокот на војната во февруари ќе чинат околу 45 милијарди евра, вклучително и 10 милијарди за последната рунда мерки.






