Просечната цена на струјата ќе се зголеми, ама се уште не е прецизирано колку и за кого, според тарифните блокови. Корекција сакаат сите енергетски учесници. Зголемување бара МЕПСО за 30%, а ЕВН Хоум за 16. Електродистрибуција, пак, бара намалување за 2,8%.
„Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3 и пол до 4 проценти“-Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Очекувањата се дека во првите два блока цената ќе оди надолу, а во третиот и четвртиот ќе има извесен скок.
Поевтина струја, според најавите на надлежните, треба да добијат и малите фирми и тоа до 10%. Тие засега нема да плаќаат според блокови како домаќинствата.
„Правиме дополнителни анализи и тоа најверојатно ќе стартува од први јули…како да ги издвоиме сите типови на потрошувачи бидејќи нема логика некој што троши многу, а мора да троши многу, оти има голема потрошувачка да го казниме и поради тоа примената ќе биде одложена“ – Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
ДДВ-то за домаќинствата од нова година ќе оди од 5 на 10%, а конечната цена на струјата ќе се знае до петок.





