Македонскиот фудбалски репрезенативец е предмет на дијалог меѓу првите луѓе на Калчо лигашот Торино и членот на Серија Б, Палермо, а во првичната понуда се манупулира со сумата од седум милиони евра. Тие ќе бидат премалку, ако се верува во ставот на претседателот на Сицилијанците Маурицио Зампарини, и за продажба на капитенот и најдобриот стрелец на Палермо ќе требаат меѓу 10 и 15 милиони евра.

Од друга страна Торино сигурно ќе ја подигне понудата затоа што, според толкувањето на медиумите на Апенините, седумкратниот шампион на Италија во следното лето ќе го пушти Андреа Белоти и мора да најде соодветна замена. За репрезенативецот на Аѕурите, се верува дека Торино ќе заработи минимум 60 милиони евра, па затоа не би требало да биде проблем да бидат издвоени повеќе од почетните 7 милиони евра за нашиот Илија Несторовски.




