Премиерот доби одговор на повикот да го следат: Копук, со чии пари спонзорираш постови?

Премиерот Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук платил за објава на пост во кој бара граѓаните да го следат неговиот профил за да се информираат на патот кон, како што вели тој ,,Европската иднина”



,,Заследете ја официјалната страница на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија – Димитар Ковачевски и бидете во тек со сите настани и случувања”, пишува во спонзорираниот пост на премиерот.

Но граѓаните во коментарите не покажуваат разбирање за неговото барање и наводниот заеднички пат кон европската иднина.

Некои од коментарите се потсмешливи, некои се навредливи и безобразни а во еден од нив Ковачевски е наречен копук и прашан со чии пари плаќа за постот што го спонзорира.

,,Со чии пари го спонзорираш постов? Следбеници не се стекнуваат со реклами туку со чесна работа и пример бре копук еден!”, пишува граѓанин навреден од идејата на премиерот да биде следен без чесно да се потруди да работи.

Според дигиталниот речник на македонскиот јазик зборот копук е именка од машки род кој е синоним на фукара и има две значења:

1. гол сиромав
Англиски: prole Турски: kopuk Албански: kopuk
Примери:
селски копуци
Слично со: фукара (м.) , голтар (м.)
2. бездомник
Англиски: hobo Турски: kopuk Албански: kopuk, endacak
Примери:
Копуците немаат каде да презимат.
Слично со: бездомник (м.)
Изведенки
копучки прид.
копучкиот
Пример: копучки живот

Другите коментари на постот на Ковачевски на овој линк

https://www.facebook.com/100063582736486/posts/pfbid0GvZ3eTWuMBAmZVbaFFGjvBMAUbhLyNCzHcH8HNUMSres69AfZWoKqLSaXaBVYjqcl/?mibextid=Nif5oz