Богдан Илиевски, познат под прекарот Бетмен, не беше меѓу уапсените во полициската акција утрово, како еден од осомничените за насилството во Собранието што се случи на 27 април.
Тој попладнево околу 14:45 часот самиот се пријави и во Кривичниот суд стигна со полициска придружба.
За разлика од другите што беа доведени на распит, тој во Судот влезе без лисици на рацете.
За Илиевски на социјалните мрежи се појавија постови во кои се тврдеше дека лидерот на Левица, Апасиев, уште пред неколку дена во ТВ-дебата на Телма го најавил неговото апсење.




