Војната во Украина, цензурата и купувањето руско гориво од Запад беа цел на новата песна и спот на контроверзната група „Пуси Рајот“, објавена на 24 декември под наслов „Мамо, не гледај телевизија“.
„На Путин му се допаѓа вашата рамнодушност, Западот го снабдува со оружје веќе десет години“, се вели во песната.
Оваа песна е практично и манифест, со кој „Пуси рајот“ поставува три барања до Западот: да одбие да купува руска нафта и гас и да продава оружје, да ги замрзне сметките и имотите на Запад на руските функционери и олигарси и да создаде меѓународен воен трибунал каде ќе му се суди и на рускиот претседател Владимир Путин.
„Половина од видео0спотот се состои од документарни снимки од војната и нејзините последици: во Киев, Харков, Мариупол, Днипро и на други места како и снимки од антивоени протести
„Музиката на нашиот гнев, гнев, несогласување, очајнички крик против крвожедните кукли на Путин, предводени од вистинско чудовиште што јаде луѓе, чие место е во бескрајот на жестоки пеколни пожари на коските на жртвите од оваа страшна војна“, се вели во соопштението на бендот.







